Секој има право да зборува на својот сопствен јазик, но мислам дека е коректно кога ќе бидеш прашан од колеги новинари Македонци, да се одговара на македонски јазик, објасни пратеникот Зеќири.
„Кога ќе биде прашан од колегите Албанци новинари, секако ќе одговараат на албански јазик. Мислам дека помина времето кога на вакви теми некој ќе се удира во гради и ќе изиграва патриот и мисли дека може да добива политички поени на таа тема. Јазикот служи да се разбереме меѓу себе, не служи за да има поделби повеќе во општеството и меѓу различните етнички припадности“.
Зеќири појасни дека во Собранието постои и се применува двојазичноста, и дека секој пратеник има право да зборува на својот мајчин јазик, односно на албански и на македонски јазик и има соодветен превод за тоа на пленарните седници.