Македонија

Спасовски: Приведени се само оние кои што направија физички напад и материјална штета

Спасовски: Приведени се само оние кои што направија физички напад и материјална штета

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прес конференција посочи дека вчерашниот случај пред Собранието потсетува на 27 април, односно денот кога беа отворени вратите од законодавниот дом и народот влезе.

Според Спасовски, околу 30 маскирани лица со качулки го предизвикале целиот овој неред.

„Професионалниот однос на македонската полиција се огледа во тоа што исклучиво се одржа интервенција врз оние кои што напаѓаа и ги повредија полициските службеници. Немаме ниту еден повреден граѓанин и приведени се само оние кои што направија физички напад и материјална штета“, вели Спасовски.

Спасовски информираше дека приведени се 11 лица.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни