Полицијата го приведе лицето што со пиштол во рака се закануваше и пукаше вечерва додека трае протестот против францускиот предлог. Од МВР за МКД.мк официјално потврдуваат дека приведено е лицето што пукаше и е спроведено во полициска станица.
За идентитетот на приведениот официјални детали од МВР се најавени за подоцна.
Неофицијално се работи за сопственикот на хотелот Де Кока, функционер во Алијанса на Албанците.