Македонија

ДУИ: Инцидентот инсцениран од активистите на коалицијата: Алијанса-ВМРО-Левица

Демократската унија за интеграција најостро ги осудува инцидентите на антиевропските протести поттикнати од проруските елементи во нашето општество, вклучително и сценариото што вечерва беше реализирано на плоштадот Скендербег во Скопје. „Инцидентот меѓу активистите на ВМРО, ЛЕВИЦА и Алијанса не може да не се смета за однапред смислен и испланиран од оваа коалиција бидејќи протагонисти беа токму овие три партии и нивните поддржувачи. Лицето што вечерва ги нападна своите коалициски партнери, вчера заедно со својот брат водеше кампања за ВМРО ДПМНЕ, додека денес е функционер на ВМРО, директор на Комунална Хигиена во Скопје. ДУИ повикува на смиреност и не поттикнување на меѓуетнички инциденти и насилство на протестите. Антиевропските сили нема да успеат затоа што нашата земја е во НАТО и граѓаните ја сакаат Европа.“, велат од ДУИ

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни