Снимките од бегството на поранешниот премиер Никола Груевски и натаму не се обезбедени. Основното јавно обвинителство не успеа да ги обезбеди снимките, а државниот обвинител Љубомир Јовески информираше дека албанските служби не постапиле по барањето за меѓународна правна помош. Албанците објасниле дека системот од безбедносните камери од албанските гранични премини автоматски го бришел материјалот.
Јовески не кажа дали биле набавени снимки од безбедносни камери во Македонија, со цел да не влијае на предистражната постапка.
За бегството на Груевски, засега, сослушани се само неколку лица. Во Собранието, пак, вчера беше донесен предлог Закон со кој ќе му се скрати правото на Груевски да зема пратеничка плата, и покрај тоа што веќе не е во земјата и се наоѓа во Унгарија каде што доби политички азил.