Македонија

Товарен воз удри во карпа кај Велес и излета од шините, железничкиот сообраќај e во прекин

Товарен воз попладнево излетал од шините во близината на Железничката станица „Рајко Жинзифов“ на пругата Велес – Скопје, откако удрил во одрони од карпа, информираа од СВР Велес.

Локомотивата на товарниот воз при ударот излегла од шините, притоа оштетени се два столба и електрична сигнализација, а во несреќата машиновозачот не е повреден, истакнаа од СВР Велес.

Во моментов во прекин е железничкиот сообраќај на тој дел, затоа што се острануваат одроните и се расчистува местото на несреќата, а СВР Велес и ЈП Македонски железници вршат увид.

Сите патници кои вечерва од Скопје планирале да патуваат по таа пруга, односно до Велес, Кочани, Битола и Гевгелија, ќе бидат превезени со автобуси кои ќе се обезбедени како замена.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни