„Зајакот лежи во непоставеното прашање“ – Софија Куновска: Ќе излезе ли од владата ДУИ ако СДСМ не застане зад францускиот предлог?
РРедакција|
Поранешната пратеничка на СДСМ, Софија Куновска на својот Фејсбук профил ги коментира актуелните случувања со „францускиот предлог“.
Според неа, „зајакот лежи“ во одговорот на едно непоставено прашање до политичката партија Демократска Унија за Интеграции (ДУИ).
„Ќе излезе ли од владата ДУИ ако СДСМ не застане зад францускиот предлог? Или, со други зборови, ќе ја загуби ли СДСМ власта во истиот момент кога би го отфрлила францускиот предлог?“