Пред Собрание вечерва под мотото „Ултиматум не, благодарам“ продолжи шестиот по ред протест против предлог-преговарачката рамка за пристапните прговори на државава со ЕУ, предложена од Претседателството на Франција со Советот на ЕУ на 30 јуни годинава.

Претходно пред Владата, во изјава за медиумите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи никакви уставни измени.
„Македонската јавност да биде сигурна дека што и да се случува понатаму со ова национално предавство и катастрофа која што ја подготвува Владата на СДСМ и ДУИ, ВМРО ДПМНЕ во Парламентот тоа нема да го прифати. За тоа се потребни 80 пратеника, бидете сигурни дека тие 80 пратеника ги немаат и тоа треба на сите да им е јасно и во Македонија и надвор од Македонија“, рече Мицкоски.