Македонија

Ковачевски со благодарност за поддршката од Урсула фон дер Лајен

Ковачевски со благодарност за поддршката од Урсула фон дер Лајен

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се обрати пред пратениците во Собранието.

„Денес присуствуваме на исклучително значајна седница на Собранието. Иако многу пати во нашата историја, политичарите честопати ја доделуваат придавката „историска“, сепак, тоа сосема објективно ќе го сторам и јас, и ќе додадам -денес започнуваме историска седница. Историска седница, затоа што денес и во следните денови, одлучуваме за неколку фундаменти на нашата држава. И за подобра иднина, и за стабилна сегашност, но и за заштита и почитување на минатото“, посочи Ковачевски.

Тој на почетокот се заблагодари за присуството, поддршката и признавањето на важноста на процесот, од страна на Претседателката на Европската Комисија, Фон дер Лејен.

„Нејзината, вашата лична и институционална вклученост и посветеност на нашата европска интеграција, значат многу за нашите граѓани и за нашата држава. Искрено благодарам за тоа“, вели Ковачевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни