Министерството за внатрешни работи распиша централна потерница за две лица кои учествувале во насилните протести изминатите денови пред Собранието, потврдуваат за 4NEWS.mk од МВР.
Тие се идентификувани и по нив е во тек потрага.
Од МВР додаваат дека две лица веќе издржуваат мерка притвор одредена по брза постапка.
Инаку МВР трагаше по вкупно 11 лица.