Македонија

По три дена тензична атмосфера: Пратениците ги изгласаа предложените заклучоци за францускиот предлог

По три дена тензична атмосфера: Пратениците ги изгласаа предложените заклучоци за францускиот предлог

Денеска во Собранието на 81-та пленарна седница беа изгласани предложените заклучоци за францускиот предлог поднесени од пратениците Јован Митревски и Арбер Адеми.

Пратениците од власта со знамињата на Македонија и на Европската унија, станаа и со аплауз го поздравија овој потег.

Вкупно пријавени беа 69 пратеници.

„За“ гласаа 68, „Против“ и „Воздржани“ нема.

Инаку, опозициските пратеници пред гласањето ја напуштија седницата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни