Во Собранието денеска беа изгласани предложените заклучоци за францускиот предлог поднесени од пратениците Јован Митревски и Арбер Адеми.
Вкупно пријавени беа 69 пратеници, а „за“ гласаа 68 пратеници.
Воздржани и против немаше.
Пратениците од власта станаа и со знамињата на Македонија и на Европската унија, како и со аплауз го поздравија овој потег.
Првата честитка кон премиерот Димитар Ковачевски дојде од неговиот коалиционен партнер, лидерот на ДУИ Али Ахмети.