Македонија

Полицискиот хеликоптер интензивно го гасне пожарот во Беровско – ќе се вклучи и Ер-тракторот

Полицискиот хеликоптер интензивно го гасне пожарот во Беровско – ќе се вклучи и Ер-тракторот

Полициски хеликоптер од утринава интензивно го гасне пожарот во беровскиот регион, посочи за МИА директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

Тој вели дека хеликоптерот од воздух почнал со исфрлање на вода од 5 часот.

-Ер-тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување ќе пристигне околу 10 часот. Во моментов на терен се и десет пожарникари на ТППЕ Берово и 30 припадници на Национални шуми од подружницата на Берово, изјави Ангелов.

Посочи дека пристигнуваат и пожарникарски екипи од Виница, Радовиш, Кочани, Струмица, Тетово.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни