Македонија

СДСМ: Мицкоски е единствениот член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ – „Претседателот Мицкоски предлага, членот Мицкоски едногласно поддржува“

СДСМ: Мицкоски е единствениот член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ – „Претседателот Мицкоски предлага, членот Мицкоски едногласно поддржува“

Од СДСМ денеска преку соопштение информираат дека според официјалните податоци само лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно проф.др. Христијан Мицкоски е толку сестрана и комплексна личност што може самиот тој да биде единствен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, а воедно и негов претседател. Значи претседателот на ИК Мицкоски предлага нешто, на пример дека треба да се одржи референдум, ама се уште не знае како треба да гласи прашањето, па членот на ИК Мицкоски едногласно го поддржува предлогот. Тоa е демократијата во Белата плата“, велат од СДСМ.

Од таму се додава дека седниците на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се најобична фарса.

„Таму ништо не се одлучува, само се исполнуваат желбите на Мицкоски“, велат од СДСМ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни