Македонија

Горивата поевтинуваат – еве која ќе биде цената по полноќ

Од ноќеска на полноќ бензините и дизелот ќе поевтинат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за 2 денари и литар ќе чини 96,5 денари, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 99,0 денари.

Дизел горивото исто така се намалува за 2,5 денари и ќе изнесува 97,5 денари за литар.

Се намалува и цената на екстра лесното масло, и ќе изнесува 96 денари, додека пак мазутот се покачува и ќе биде 52,5 денари.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни