Македонија

ЦУК со вонредна информација за состојбата со пожарот во беровско

ЦУК со вонредна информација за состојбата со пожарот во беровско

Центарот за управување со кризи издаде вонредна информација за состојбата со пожарот на подрачјето на РЦУК-Берово.

„Информацијата е добиена од Раководителот на РЦУК-Берово во 11.35 часот. Хеликоптерот дејствувал во време од 04.30 часот до 10.30 часот при што е постигнато пожарот да престане да се шири“, велат од таму.

Од ЦУК се додава дека на терен се следниве сили:

1. ДЗС-30 луѓе со 4 возила
2. ТППЕ -Берово-6 луѓе и 2 возила
3. ТППЕ-Делчево-4 луѓе со 1 возило
4. Доброволно ПП Д Кочани- 5 луѓе со1 возило
5. ШС Малешево од Берово со 22 луѓе со 3 возила
6. ШС Равна река од Пехчево со 8 луѓе и 2 возила
7. ШС од Радовиш со 5 луѓе и 1 возило
8. ШС Виница со 5 луѓе и 1 возило
9. ЈПКР Услуга со 10 луѓе и 2 возила
10. Население-15 луѓе.

Вкупно се ангажирани 110 луѓе и 17 возила.

Преку ДЗС побарано е во гаснењето на пожарот да се вклучи ЕР-трактор (авион).

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни