Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков на 8 август треба да се јави во Казнено поправниот дом во Струга каде треба да ја издржува тригодишната затворска казна за случајот „Империја“, пишува Фокус.
Според информациите на порталот, упатниот акт е издаден, но и тој како и сите осуденици може да бара одложување на извршувањето на казната под услови коишто ги пропишува Законот за извршување на санкции.
Упатниот акт од Охридскиот суд следува откако Мијалков ја промени адресата на живеење од Скопје во Охрид истиот ден откако се спогоди со Обвинителството.
Затворот во Струга е од отворен тип и во истиот може само да се преспива.