Македонија

Сончево и многу топло – температурите до 41 степен

Сончево и многу топло со мала облачност во западниот планински регион и на крајниот исток. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 35 до 41 степен. УВ=9

Во Скопје, сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 39 степени.

До среда подрачјето на нашата земја и понатаму ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури. На целата територија ќе остане активно портокаловото ниво на опасност од високи температури. Во недела попладне и кон крајот на денот ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со засилен до силен ветер, краткотраен пороен дожд и грмежи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни