Балкан

Туристички брод удрил во западниот брег на Сплит и потонал

Туристичкиот брод „Морска вила“ ноќеска околу 2 часот и 35 минути удрил во западниот брег на Сплит, а сите 40 патници излегле на брегот и не се повредени, извести сплитската полиција.

Оперативниот противпожарен центар во округот во Сплит извести дека бродот долг 21 метар потонал.

Можно е загадување на морето.

На местото на настанот се испратени сите служби за итна помош, соопшти сплитската полиција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни