Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ=9
Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 37 степени.
И во следните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури. Нестабилност на повеќе места со пороен дожд и грмежи се очекува во среда и четврток во попладневните часови.