Канцеларијата на Народниот правобранител минатата година спровело истражување за период од 2016 до 2017 година за малолетничка бременост. Според прашалникот кој го пополниле осум здравствени установи, кои опфаќаат и гинеколошки услуги, во истражувачкиот период се породиле 731 малолетничка. Констатирано било дека 62 малолетнички до 18 години ја прекинале бременоста. Од нив 23 се на возраст од 14 до 16 години. Речиси сите малолетнички се породиле во вонбрачни заедници.