Македонија

Локализиран пожарот кај Криволак – гасењето од земја ограничено поради непристапност и можната опасност од неексплодираната муниција

Локализиран пожарот кај Криволак – гасењето од земја ограничено поради непристапност и можната опасност од неексплодираната муниција

РЦУК – Велес известува дека на полигонот Криволак на АБХ стариот полигон во близина на местото Орлово Брдо е појавен пожар на непристапен терен, а не е познато време на негово започнување.

Заради непристапноста на теренот и можноста од неексплодирана муниција е ограничено гаснењето од земја.

Во гаснењето на пожарот во текот на денот бил вклучен еден хеликоптер на АРМ кој исфрлил 5 тони вода.

Според последните информации пожарот е локализиран. Армискиот хеликоптер кој дејствуваше во координација со припадниците на Армијата од АП Криволак, доколку има потреба ќе интервенира утре во раните утрински часови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни