Во интервју за регионалната N1 телевизија, премиерот Зоран Заев на поставено новинарско прашање како по решавањето на проблемот со Грција ќе се решат проблемите со Бугарија и Србија, Заев одговара дека со Бугарија веќе проблемот е решен.
„Се е решено, останува уште цркавата. Црквата е различно од држава, но се надеваме дека ќе најдеме решение и за тоа. Веќе преземаме некои работи. Со Бугарија направивме договор за добрососедство и соработка и ја споделивме заедничката историја“, изјави Заев во интервју за регионалната N1 телевизија.