Македонија

Што се согорува во печките на Дрисла? Да се измени законот за отпад, бараат Еко активистите

15 минути главниот влез во депонијата „Дрисла“ беше блокиран од еко-активистите, под чадорот на Здружението „За чист воздух“. Тие од властите побараа поригорозни мерки против загадувањето на воздухот и настојуваат да дознаат што всушност се согорува во депонијата.

„Во име на граѓаните на Македонија бараме запирање на увоз на отпад во Македонија. Бараме од премиерот Заев итно да го измени Законот за увоз на отпад. Стопирањето на увоз на отпад значително би го намалил степенот на аерозагадувањето, особено во Скопје. Сериозните сомневања за горење на медицински отпад во Дрисла без исполнување на соодветниот стандард, се една од причините за загадување на воздухот“, Аријанит Џафери – активист.

Активистите меѓу другото го нагласија и фактот дека депонијата сѐ уште не ја добила лиценцата од Министерството за животна средина и просторно планирање.

РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни