Свет

Железничкиот сообраќај во Велика Британија на колена, штрајк на 40 илјади вработени

Британскиот железнички сообраќај денеска е речиси во прекин бидејќи 40 илјади вработени не се на работа поради спорот што го водат за работните места, платите и условите за работа.

Железничките компании соопштија дека можат да сервисираат само околу петтина од услугите низ Велика Британија.

Само еден месец откако претходниот прекин на работата доведе до најголемиот застој во железничкиот сообраќај на Острово за последните три децении, денеска вработените во железницата како чистачите, работниците за одржување на сигналната и мрежата пруги како и станичниот персонал на станицата повторно се во 24-часовен штрајк.

Тие генерално бараат зголемување на платите, подобрување на условите за работа и побезбедни работни места, а железничките компании сакаат да ги намалат трошоците што значи и намалување на бројот вработени.

Националниот синдикат на транспортните работици во железничкиот и поморскиот сообраќај и (РМТ) ја отфрли најновата понуда на работодавците за зголемување на платите, бидејќи оцени дека истата не соодветствува на инфлацијата која во Британија во јуни оваа година изнесуваше 9,4 отсто.

Генералниот секретар на RMT, Мик Линч, рече дека синдикатот ќе продолжи да преговара.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни