Македонија

Сончево и топло – температурите до 38 степени

Сончево и топло – температурите до 38 степени

Сончево и топло со  слаб до умерен ветер од јужен правец. Доцна попладне и во вечерните часови  во северните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно  невреме со силен ветер и електрични празнења. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната од 32 до 38 степени. УВ=9.

Во Скопје сончево и топло. Кон крајот на денот и во вечерните часови ќе има пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе  биде околу 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Во недела попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени, особено во северните делови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни