Breaking Најмалку 39 загинати во судирот на возови во Шпанија, два вагона паднале во насип
Свет

Кина спроведува воени вежби во близина на Тајван по најавата за посетата на Ненси Пелоси на островот

Кина спроведува воени вежби во близина на Тајван по најавата за посетата на Ненси Пелоси на островот

Кина денеска соопшти дека спроведува воени вежби на дел од својата територија спроти Тајван, откако ја предупреди претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси, да се откаже од плановите да го посети островот.

Пекинг го смета Тајван за дел од својата територија.

Новинската агенција Синхуа јави дека Народноослободителната војска на Кина спроведува „вежби за гаѓање“ во близина на островот Пингтан кај провинцијата Фуџијан од 8:00 до 21:00 часот по локално време.

Управата за поморска безбедност ги предупреди бродовите да ја избегнуваат областа.

Ваквите вежби обично вклучуваат артилерија.

Не е познато дали во вежбата биле вклучени проектили, авиони или друго оружје.

Пелоси, највисоката американска функционерка што го посетила Тајван од 1997 година, допрва треба да потврди дали ќе го посети островот.

Кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонскиот разговор со неговиот американски колега Џозеф Бајден тоа го окарактеризира како „надворешно мешање“ во работите на Пекинг со островот.

Кина смета дека Тајван нема право да води независна надворешна политика. Кина ги гледа посетите на американските претставници на Тајван како поддршка за едностраното признавање на независноста на таа територија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни