Променливо облачно, наместа нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ=8
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Утре времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Од понеделник следува период на стабилно време. Од утре до вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе допринесе намалување на температурата на воздухот.