Живот

Како се менуваше рангирањето на најбогатите земји во Европа?

Како се менуваше рангирањето на најбогатите земји во Европа?

Преглед на рангирањето на најбогатите европски земји во последните нешто подолго од сто години е достапен на YouTube, т.е. од 1921 до 2022 година. Нагласена е и прогнозата кои земји ќе бидат до 2026 година.

Рангирањето е одредено врз основа на БДП по глава на жител, а податоците се преземени од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и американската конзервативна организација „Медисон проект“.

Западните земји континуирано се меѓу најбогатите во споменатиот период. Сто години претходно, во 1921 година, десетте најбогати земји беа:

* Швајцарија со БДП од 615 долари по глава на жител;

* Велика Британија со БДП од 624 долари по глава на жител;

* Холандија со БДП од 598 долари по глава на жител;

* Данска со БДП од 566 долари по глава на жител;

* Белгија со БДП од 561 долар по глава на жител;

* Франција со БДП од 457 долари по глава на жител;

* Шведска со БДП од 426 долари по глава на жител;

* Норвешка со БДП од 421 долар по глава на жител;

* Германија со БДП од 396 долари по глава на жител;

* Австрија со БДП од 342 долари по глава на жител.

Сто години подоцна, во 2022 година, најбогатите земји беа:

* Луксембург со БДП од 126.834 долари по глава на жител;

* Ирска со БДП од 111.626 долари по глава на жител;

* Швајцарија со БДП од 78.286 долари по глава на жител;

* Норвешка со БДП од 70.054 долари по глава на жител;

* Сан Марино со БДП од 65.627 по глава на жител;

* Данска со БДП од 63.560 долари по глава на жител;

* Холандија со БДП од 61.973 долари по глава на жител;

* Австрија со БДП од 59.586 долари по глава на жител;

* Исланд со БДП од 59.409 долари по глава на жител;

* Германија со БДП од 58.339 долари по глава на жител.

Се очекува претходно истакнатите земји да останат најбогати во следните четири години.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни