Свет

Пелоси слета во Тајван, Кина тврди: Тоа е исклучително опасно

Пелоси слета во Тајван, Кина тврди: Тоа е исклучително опасно

Американската страна ќе се соочи со последиците и ќе ја плати цената за поткопувањето на суверенитетот и безбедносните интереси на Кина, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи.

Според најавите, авионот на Ненси Пелоси слетал во Тајпеј околу 16 часот и 45 минути по македонско време.

Кина го оцени како провокација што може да го доведе светот во ера на неред и нестабилност. Да потсетиме дека и двата кинески носачи на авиони Лиаонинг и Шандонг испловија од своите пристаништа, пишува кинескиот Глобал Тајмс.

Кинеските државни медиуми објавија дека борбените авиони PLAAF Су-35 го преминувале Тајванскиот теснец, без да ја прецизираат целта на нивниот лет, објави на Твитер Стјуарт Лау, новинар на Политико. Ова го потврди и АФП.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни