Балкан

Во Грција потврдени вкупно 39 случаи на мајмунски сипаници

Во Грција потврдени вкупно 39 случаи на мајмунски сипаници

Во Грција, заклучно со 4 август, потврдени се вкупно 39 случаи на мајмунски сипаници, сите мажи на просечна возраст од 37 години, согласно седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ).

Во изминатата седмица регистрирани се седум нови случаи, со оглед на тоа дека минатиот четврток бројот на потврдени случаи беше 32.

Според ЕОДИ, 33 отсто од вкупниот број, односно 13 случаи пријавиле патување во странство во периодот на инкубација на болеста.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни