Свет

Финска планира да го заостри визниот режим за Русите

Финска планира да го заостри визниот режим за Русите

Финската влада сака да ги заостри визните регулативи за руските граѓани, изјави денеска министерот за надворешни работи Пека Хаависто за финската радио станица Yle, пренесува ДПА.

Се планира промена во издавањето туристички визи за руските граѓани, објави Yle. Финското Министерство за надворешни работи подготвува мерки за кои ќе се разговара на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ на крајот на месецот, изјави шефот на финската дипломатија Пека Хаависто.

„Не е доволно Финска сама да донесе таква одлука, туку мора да има исти насоки низ Шенген зоната“, посочи Хаависто.

Парламентарците од целиот политички спектар го поддржаа овој потег, забележува Yle, додавајќи дека тоа е производ на руската агресија против Украина која започна во февруари.

Финска дели граница со Русија долга 1340 километри, најдолга од сите земји на ЕУ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни