Свет

ВИДЕО: Изгоре најдолгиот дрвен мост во Кина

ВИДЕО: Изгоре најдолгиот дрвен мост во Кина

НДолгиот дрвен мост во Кина, изграден пред повеќе од 900 години, целосно се урнал како последица на пожар.

Античката структура се наоѓа во источната провинција Фуџијан. Пожарот е целосно изгаснат, во инцидентот нема повредени. Се расчистуваат причините за избувнувањето на пламените јазици.

Вкупната должина на мостот беше 98,2 метри, а неговата ширина – 4,7 метри. Изграден е пред 917 години за време на династијата Сонг (960-1279).

Мостот бил погоден од пожар во 1742 година, но преживеал и бил повторно изграден. Во 2006 година, тој беше вклучен во списокот на заштитени локации во Кина. Се смета за најдолгиот дрвен мост со лак во земјата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни