Свет

На Кина и се потребни 2 милиони војници за да го нападне Тајван

Експертот за Кина, Јан Вилијамс, за британскиот таблоид „Сан“ изјави дека на Кина ќе и треба армија од два милиони луѓе за да го нападне Тајван .

Дури и овој број на војници, сепак, не ја гарантира супериорноста на Кина, предупреди Вилијамс.

Одлуката да се одржат воени вежби во близина на Тајван тој ја нарече „милитаризирана хистерија“. Според него, ваквата демонстрација на сила не значи успешна или лесна инвазија.

Претходно, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји рече дека американската влада планирала посета на Тајван од страна на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси „за да создаде криза и да го зголеми своето воено присуство во регионот “.

Тој рече дека мерките на Кина за заштита на нејзиниот суверенитет се „легитимни“.

Претходно беше објавено дека Народноослободителната армија на Кина (ПЛА) наскоро ќе започне со редовни вежби во близина на брегот на Тајван .

Се известува и дека воените вежби на Кина покажале дека „т.н. територијални води на Тајван не постојат“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни