Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на патниот правец Кичево-Гостивар при што едно лице го загуби животот.
Според првичните сигнали, несреќата се случила рано утрово пред 7 часот.
„Во несреќата учествувале товарно возило „ман“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Гостивар и патничко возило „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки. На местото на несреќата починал возачот на возилото „хјундаи“, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево и се работи на утврдување на идентитетот на лицето. Со тешки телесни повреди се здобила Р.К.(42) од Скопје, сопатничка во истото возило, констатирани во Ургентниот центар во Скопје, информираат од МВР.
Во овој момент нејасни се причините поради кои дошло до несреќата.
Увид извршија Јавен обвинител и полициски екипи.