Првото место по воена моќ за 2022 година паѓа на САД. Првата тројка ја комплетираат Русија и Кина. Во топ 10 влегуваат и Индија, Јапонија, Јужна Кореја, Франција, Велика Британија, Пакистан и Бразил.
Од земјите од балканскиот регион Турција е на 13. место, Грција е на 27. место, потоа Романија – 38. Србија, која е на 61. место, а потоа Хрватска – 62. Црна Гора е на 132 место, Албанија на 115 место, Северна Македонија на 135 место, Косово на 140 место.
Проценката разгледа повеќе од 50 фактори, вклучувајќи ја големината на населението, бројот на расположлива воена работна сила, видовите на оружје и нивниот број, природните ресурси, логистичките способности, буџетот за одбрана и географската локација.