Балкан

Ердоган следниот месец ќе го посети Балканот

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган следниот месец ќе ги посети балканските земји и дека тоа ја потврдува посветеноста на земјата за мир и стабилност во регионот.

„Посетата што претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ќе ја направи на балканските земји следниот месец ја потврдува нашата посветеност на мирот и стабилноста во регионот. Турција силно ги поддржува мирот и стабилноста на Балканот“ – рече Чавушоглу, говорејќи на отворањето на 13. конференција на амбасадори што се одржа во Анкара.

Засега не е објавена неговата агенда за посета на Балканот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни