Тие користеле чекани за да ги искршат излозите на една продавница во Бронкс
Разбојници се офајдија со накит вреден над 2 милиони долари во Њујорк.
На снимката од безбедносните камери се гледа како четворица маскирани мажи упаднале во златарница во Бронкс, ги кршеле прозорците и се оттргнале со накитот.
Во видеото, првиот човек чека на влезот неколку минути пред да започне грабежот. Ја држи вратата отворена додека другите тројца брзаат во продавницата. Тројката користела чекани за да ги скрши прозорците, пренесува CBS.