„Извештајот од мојата приватна истрага е готов и ќе биде обзнанен во јавноста на 22 август. Истиот извештај, доколку сериозно биде анализиран од аудиториумот, ќе укаже на сите аномалии на начинот со кој функционира организираниот криминал во Р. Македонија“, започнува во својата колумна Трифун Костовски објавена утрово во Плус Инфо.
Тој продолжува:
Почитувани читатели, денес повторно ќе пишувам за мојот непребол околу настаните поврзани со стечајот на Еуростандард банка.
Старата римска мудрост quo vadis денес ми е инспиративна за мојата колумна, како нешто што ја отсликува реалноста во Р. Македонија која директно се одразува на секој поединец кој ја почувствувал неправдата.
Quo vadis во превод значи „каде одиш“, јас би додал „каде одам“, „каде одиме“ и кои патишта треба да ги фатиме.
Извештајот од мојата приватна истрага е готов и ќе биде обзнанен во јавноста на 22 август. Истиот извештај, доколку сериозно биде анализиран од аудиториумот, ќе укаже на сите аномалии на начинот со кој функционира организираниот криминал во Р. Македонија.