Царинската управа во Приштина запленила 3,6 тони безалкохолни пијалоци, за кои велат дека немале соодветна документација и биле шверцувани од Србија, јавија Танјуг.
Косовската царина спречи обид за шверц во Липјан, северно Косово. Царинските службеници запреле на преглед автомобил во кој е пронајдена поголема количина стока – безалкохолни пијалоци, која не поседувала соодветна документација.
Целата стока и автомобилот се одземени и покрената е кривична постапка, информираат од косовската царина.