Откако започна сезоната на летни одмори, наидуваме на различни сцени кои ја покажуваат смешната, но во исто време и реална страна на летните одмори на Јадранот.
Превисоки цени, поплавени плажи, т.н „Туристи домати“, шатори поставени на необични места, сето тоа се сцени кои често можевме да ги видиме на социјалните мрежи во последните два месеци.
Еден од нив доаѓа од црногорскиот град Тиват, а прикажува опрема за плажа која им се нуди на туристите, а е во видно лоша состојба.

Станува збор за пластична маса, лежалка и чадор за сонце, кои, како што е наведено на страницата podgorički_vremeplov каде е објавена фотографијата, може да се набават за само 14 евра.
Оваа цена за некого можеби нема да биде проблем, но истата треба да биде пристојна.
Во овој случај, масичката е покриена со нечистотија и дупки, лежалката е оштетена, а чадорот за сонце е валкан. Фотографијата веднаш предизвика бројни реакции.
„Веројатно ти ги врзуваат очите додека не платиш“, се пошегувал некој.
„Додаваш уште 10-15 евра и купуваш ново“, стои во друг коментар.
Додека еден корисник се пошегувал дека „Тито се сончал на оваа“, некои заклучиле дека е срамно да се издаваат додатоци за плажа во ваква состојба.
Некои корисници забележале и дека понекогаш „доволна е крпа“ за добар одмор.
Без разлика на ова лошо искуство, сигурно е дека Тиват има што да понуди.
Градот сместен во централниот дел на Которскиот залив се смета за една од најатрактивните туристички дестинации во Црна Гора.
На своите посетители им нуди дури 17 различни плажи, а морето таму е нешто потопло отколку во другите делови на црногорското крајбрежје. Исто така, Тиват е единствениот крајбрежен град во оваа земја што има аеродром.