Првата жртва на масакрот што се случи денеска во Цетиње е М.М., која пред еден месец добила дете, дознава Телеграф.рс.
Според извор на Телеграф, Вук Бориловиќ (34) извршил притисок врз жена која била потстанар, а таа потоа му се пожалила на сопругот кој бил на пат.
Сопругот му се јавил на пријател, жртвата М.М., кој отишол кај Бориловиќ и оттаму почнала тепачката.
Според непотврдени информации, Бориловиќ наводно се лекувал во психијатриска установа од која неодамна бил ослободен.
Потсетуваме, во денешниот масакр во Цетиње, В.Б.(34) го убил целото семејство. Како што се сомнева, тој потоа излегол на улица и пукал во луѓето, а неколкумина од нив биле ранети.