Македонија

Најмногу дожд во Берово, денеска невреме низ Македонија

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м2)

12 Берово, 6 Претор, Прилеп, 5 Штип, 4 К.Паланка, Охрид, Дебар, 3 Маврово, Виница, Крушево, 2 Битола, 1 Скопје, Пожаране, Ѓуриште, Д.Капија,

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Доцна навечер завршија врнежите. Во вториот дел од ноќта беше умерено до значително облачно. Утринава е претежно облачно со слаб променлив ветер.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 31 степен. УВ=6

Во Скопје променливо облачно, Во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.  Максималната температура ќе достигне 26 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни