Балкан

Сплит под вода – Далмација погодена од силно невреме

Сплит под вода – Далмација погодена од силно невреме

Силно невреме пропратено со грмежи денеска ја погоди централна Далмација, а локално наврнаа над 30 литри дожд на метар квадратен.

Како што објави порталот „Далмација данас“, за еден час падна повеќе од месечниот просек.

Невремето го зафати и хрватскиот град Сплит, а големите количества дожд за кратко време предизвикаа поројни поплави во многу делови од градот. Висината на водата на некои места изнесува и над 30 сантиметри.

Според податоците на метеоролошките служби, до 14 часот веќе наврнале 40 литри дожд на метар квадратен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни