Македонија

Во време на економска криза – општина Чаир распиша тендер за сувенири

Во време на економска криза – општина Чаир распиша тендер за сувенири

Во време на криза и старт на најтешката зима, како што велат надлежните, Општина Чаир распиша тендер за сувенири односно чаши, привезоци, и украсни камења.

Oбјавениот тендер се однесува и за изработка на леени фигури на албански значајни личности како „Скендербег“, „Саат кула“ и „Хасан приштина“, сите гравирани од алуминиум.

Во тендерот кој е објавен на веб страницата на општината, се бара да се купат и 1.000 столици, над 500 чаши и шишиња сувенири, сите гравирани со логото на општина Чаир. На листата се и дрвени привезоци, украсни камења.

Сепак во тендерот никаде не пишува колку пари ќе бидат потрошени за набавка на овие сувенири.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни