Македонија

ВИДЕО: Силен дожд во Скопје, започна „Фестивалот на мирот“, вреден 100 илјади евра

ВИДЕО: Силен дожд во Скопје, започна „Фестивалот на мирот“, вреден 100 илјади евра

Силен дожд натера голем дел од публиката вечерва да си замине на самиот почеток од фестивалот на мирот, кој се организира оваа година во знак на годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Фестивалот се одржува на плоштадот Скендербег, а на истиот нема македонски уметници, откако прво откажа Антонија Гиговска, а потоа и Владо Јаневски. Па вечерва ќе настапат само албански изведувачки најголем број од нив од Албанија и Косово.

Министерството на Артан Груби како што веќе објавивме за овој фестивал ќе потроши неверојатни 100 илјади евра во време на економска криза и во време кога владата секој ден најавува дека не очекува најтешката зима досега.

Контраверзии се појавија и кај компанијата која е задолжена за организација на овој фестивал, бидејќи истата компанија добила најголем број од тендерите изминатите години, а истовремено го добила и тендерот за печатење за свидетелства кои пак доцнат за учениците.

Нејасно е дали вечерва некој од државниот врв е присутен на прославата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни