Македонија

42 земји, вклучително и Македонија, бараат Русија да ги повлече своите трупи од нуклеарната централа Запорожје

42 земји, вклучително и Македонија, бараат Русија да ги повлече своите трупи од нуклеарната централа Запорожје

42 земји, вклучително и Македонија, ја повикаа Русија да ги повлече своите трупи од територијата на нуклеарната централа Запорожје и да и ја предаде на Украина. Ова се наведува во соопштението објавено од мисијата на ЕУ во организациите на ОН во Виена.

„Распоредувањето на руски војници и оружје во нуклеарната централа е неприфатливо“, се вели во документот потпишан од претставници на 42 земји , вклучително и сите земји-членки на Европската унија (ЕУ), САД, Велика Британија, Австралија, Нов Зеланд, Норвешка, Јапонија и други.

АЕЦ Запорожје е најголемата нуклеарна централа во Европа. Се наоѓа во област окупирана од руската армија во централна Украина, но украинските работници продолжуваат да работат таму. Киев ја обвинува руската војска дека ја користи централата како воена база и ја гранатира со цел да му се закани на светот со нуклеарна катастрофа. Москва тврди дека украинската армија е одговорна за нападите врз централата.

Потписниците на изјавата од 14 август бараат Русија да му ја предаде контролата на нуклеарната централа на Киев. Според нив, тоа ќе им овозможи на украинските власти да се грижат за безбедноста на централата, а експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ќе можат да ја проверат.

Во соопштението се наведува и дека руската инвазија на Украина и присуството на руската војска во украинските нуклеарни централи создава значителен ризик од нуклеарни несреќи .

Земјите потписнички ја осудуваат руската употреба на дезинформации во обид да ги оправда нејзините незаконски дејствија во Украина. Тие ја дефинираат руската инвазија како „неиспровоцирана и неоправдана агресија против суверена држава“, што е сериозно кршење на меѓународното право.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни