Македонија

Објавени податоците: Која телевизија е најгледана во Македонија?

Објавени податоците: Која телевизија е најгледана во Македонија?

Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги спроведува анкета за гледаноста на телевизиите и колку граѓаните во Македонија слушаат радио.

Последните податоци кои ги презентираа денеска се однесуваат на последните два месеци, односно јуни и јули 2022 година. Во анкетата користен е полу – структурирани прашалник изработен во соработка со Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Анкетирањето се врши со CATI метода – телефонско интервју со помош на компјутер.

Според објавените податоци во Македонија најгледата е Сител телевизија со 53,54% просечен неделен досег, потоа следува Канал 5, Телма, Алфа, Алсат, МРТ1, 24 ВЕСТИ, ТВ21, МРТ2, Шења, МРТ Собраниски, Клан, Нашта ТВ, Сонце, МРТ 3, МРТ Сателит, МРТ5, МРТ4.

Податоците се добиени со истражување на јавното мислење и се однесуваат на: просечниот дневен и неделен досег на слушаноста на радиостаниците и на гледаноста на телевизиите; периодот од денот во кој испитаниците слушале радио/гледале телевизија; видот на програмската содржина што ја слушале/гледале во претходниот ден; учеството во вкупната гледаност за претходниот ден, и тоа удел во гледаноста на територијата на која телевизиите емитуваат програма и удел во вкупната гледаност; просечниот дневен и неделен досег на странските телевизии и др.

Период на анкетирање: 18-24 јули од 10:00ч до 20:00ч

Вкупниот примерок го сочинуваат 2.400 испитаници

Примерокот е репрезентативен на ниво на Република Македонија според регион, пол, возраст и националност и е изработен врз основа на официјалните податоци од Државен завод за статистика – „Попис на населението, домаќинствата и становите 2021“

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни