Обвинителката Вилма Русковска пред една година, коментирајќи ја изјавата на премиерот Зоран Заев дека тој во неа нема доверба во врска со предметот на Драги Рашковски, таа го опоменува дека политичарите не треба да коментираат постапки кои се водат во Обвинителство или суд.
– Нашиве политичари никако да го разберат тоа, вели Русковска, во интервју за Призма.
Во однос на можна нејзина смена, вели дека не ја засегаат таквите пишувања, кои се појавија во јавноста по смената на Лазе Велковски како прв човек на одделот во МВР за организиран криминал.
Таа ги демантира шпекулациите дека се подготвува нејзина смена и е децидна дека во моментот не постои таква можност.
– Според новиот Закон за јавно обвинителство, не постои опција кој било шеф на обвинителство да се смени поради нестручност и некомпетентност. Сега не постои таква можност. Кривично дело немам направено, барем јас не знам дека сум направила, така што сметам дека и да сакаат да ме сменат, нема можност – вели Русковска за Призма.
Во тогашното интервју обивнителката говорејќи за соработката со Финансиската полиција, рече дека не е премногу задоволна и ја оценува како недоволно ефикасна и ефективна.