Денес и утре топлотен бран – „Бремените жени и лицата над 60 години ослободени од работа“
Владата вчера ја одржа 70-та седница на која, беа донесени препораките за намалување на ризиците од високи температури, во времетраење од два дена, 18-19 (четврток и петок).
Поради топлотниот бран препораки за ослободување од работните обврски на бремените жени и лицата на возраст над 60 години, децата во градинките да немаат физички активности од 11 до 17 часот, приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците и избегнување престој на отворено од 11 до 17 часот.
Работното време во градинките да се организира во периодот од 7 до 17 часот, при што да не се практикуваат физички активности и да не се изнесуваат децата на отворено по 11:00 часот.
Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот.
Ова особено се однесува на градежните работници.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни